Home Рецепти Здрави десерти Сникерс енерџи барови

Сникерс енерџи барови

167
0

Со ваков наслов имам многу десерти, ама не сум иновативна веќе со имињата иако рецептите се различни. 😊

Состојки (за 20 коцки):

  • 100 g индиски ореви
  • 150 g кокосово брашно (но баш брашно не трошки, го има во Тинекс од фирмата Драгон)
  • 3 лажици сируп од урма (може и друг засладувач)
  • 4 полни лажици путер од кикиритки
  • сок од еден портокал

за одозгора:

  • 80 g темно чоколадо стопено со 2 лажици кокосово масло
  • 50 g несолени, но печени кикиритки
  • 50 g сува брусница

Подготовка:

За подготовка на првиот слој блендирате се заедно, но првин индиските и брашното, а потоа ги додавате другите состојки. Тапкате во плехче. Јас користев силиконско правоаголно, но ако немате, само ставете хартија за печење.

Потоа одозгора ги ставате брусниците и кикиритките, па врз нив стопеното чоколадо.

Оставете во фрижидер да се стегне, насечете на посакувани форми и уживајте во вкусниот десерт.

Добар апетит! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here