Сникерс енерџи барови

Споделете со пријателите

Со ваков наслов имам многу десерти ама не сум иновативна веќе со имињата иако рецептите се различни 😊

Состојки (за 20 коцки):

  • 100 g индиски ореви
  • 150 g кокосово брашно (но баш брашно не трошки, го има во Тинекс од фирмата Драгон)
  • 3 лажици сируп од урма (може и друг засладувач)
  • 4 полни лажици путер од кикиритки
  • сок од еден портокал

за одозгора:

  • 80 g темно чоколадо стопено со 2 лажици кокосово масло
  • 50 g несолени, но печени кикиритки
  • 50 g сува брусница

Подготовка:

За подготовка на првиот слој блендирате се заедно, но првин индиските и брашното, а потоа ги додавате другите состојки. Тапкате во плехче. Јас користев силиконко правоаголно, но ако немате силиконско ставете хартија за печење.

Потоа одозгора ги ставате брусниците и кикиритките, па врз нив стопеното чоколадо.

Оставете во фрижидер да се стегне, насечете на посакувани форми и уживајте во вкусниот десерт.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *