Сникерс торта со малини

Споделете со пријателите

Епа друштво полека но сигурно гледам кон 30ката, ама добро сепак имам уште една година до неа :))

Кај нас за родендени нема опција за нарачување или купување торта, се знае дека сами правиме. Овој пат се решив да биде тоа некој сникерс вкус, но со слој малини за свежина.

Иако тортата навидум личи комплицирана за правење верувајте ми дека е навистина лесна затоа што нема печење и нема тешки чекори.

Потребни состојки:

прв слој:

  • 200 g мешавина од јатки (јас ставив бадеми, лешници и кикиритики)
  • 2 лажички какао од @moi.namirinici
  • 200 g урми киснати во вода миниум 2 часа
  • 60 g кокосово масло или околу 5-6 лажици
  • 5 лажици овесни снегулки (можете да ги изоставите ако смесата ви е доволно густа)

втор сникерс слој:

  • 200 g непечени индиски ореви киснати во вода минимум 2 часа
  • 200 g путер од кикиритки од @fit.delights.fitlife
  • 2 лажици мед
  • 200 ml полномасно кокосово млеко (од тоа од КАМ)

малина слој:

  • 250 g замрзнати малини
  • 4 лажици чиа семе
  • 2 лажици мед

чоколаден фил:

  • 100 g чоколаден чипс/капки од @moi.namirnici
  • 5 лажици кокосово масло
  • 3 лажици мелени кикиритки.

Подготовка:

За подготовка на првиот слој сите состојки ставете ги во блендер, но не одеднаш туку првин јатките и какаото за да се сомелат, па потоа и другите. Овес додадов затоа што ми беше некако поретко, иако може нема да ви е потребно.

За подготовка на вториот сникерс слој ставате се во блендер или процесор и ќе добивате убав сникерс крем.

Малина слојот е исто така многу едноставен. Ставате се во блендер, но претходно малините нека омекнат малку, не мора целосно да се размрзнат но да не се замрзнати.

Пред да го ставите малина слојот почекајте да се стегне во замрзнувач сникерс слојот околу 1-2 часа. Исто така и за чоколадниот слој мора првин да се стегне малина слојот.

И за чоколадниот дел имам една забелешка. Мене ми беше малку тврд и при сечењето имав проблем па затоа мој совет е во смесата да додадете 3-4 лажици од кокосовото млеко, ќе ви остане зошто од цела конзерва ќе потрошите пола.

Додека ја правев тортата за да се стегнат деловите ја ставав во замрзнувач, но сега ја чувам во обичниот фрижидер.

Толку е, вкусно, богато, здраво и доста калорично, но богато со убави калории 😊

Ве очекувам со преубави слики, знам дека многу од вас веќе се спремаат да ја направат.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *