Ако сте љубители на десерти со кокос, тогаш овие коцки мора да ги пробате. Полесно од кога било, само 4 состојки, а веќе имате вкусен десерт за цело семејство.
Нутритивни вредности по парче (коцка): 119.28 калории, 7.4 g јаглехидрати, 10.1 g масти и 0.9 g протеини.
Потребни состојки (за околу 25 коцки):
- 150 g кокосови трошки
- 8 лажици кокосово масло – Vitalia
- 4 лажици јаворов сируп – Vitalia
- 200 g црно чоколадо.
Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте ги кокосовите трошки, кокосовото масло и јаворовиот сируп. Кога убаво ќе се соедини сместа, истурете ја во коцкаст сад и убаво натапкајте. Чоколадото стопете го на пареа и полека истурете го врз натапканата кокосова смеса.
Оставете во фрижидер да се стегне неколку часа и потоа со нож насечете убави коцки.
Уживајте!!!
Повеќе идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.








