Потребни состојки:
за долниот дел (за мало плехче):
- 100 g овесни снегулки
- 100 g лешник
- 1 банана
- китка нане
- 2 лажици какао
- 2 лажици мед (може и помалку)
- ленено семе (јас ставив од око, околу 3 лажички)
за горниот дел:
- темно чоколадо
- 2/3 лажици млеко (јас искористив овесно)
Начин на подготовка:
Најпрвин ставете ги во сецко/блендер овесните снегулки, лешниците и какаото и добро сомелете ги. Потоа изблендирајте ја бананата, медот и ливчињата нане, додадете го и лененото семе, и соединете со претходно измелените суви состојки. Смесата треба да биде баш густа, ставете ја во коцкасто плехче и убаво натапкајте ја.
Потоа стопете го чоколадото заедно со млекото и ставете го врз првиот слој.
Оставете во замрзнувач да стегне, па извадете и направете мали коцки или било какви посакувани форми со помош на нож. Чувајте ги коцките во обичниот фрижидер, не мора во замрзнувач.
На здравје! 🙂
Рецептот и сликите се на Елена Ѓорѓиевска.








