Home Исхрана Здрави мафини со маслинки

Здрави мафини со маслинки

427
0

Овие мафини многу се лесни и брзи за подготовка, а одлични се за појадок, ручек или ужинка. Може да си ги земете со вас на работа или каде било и да одите. 😊

Состојките се изразени во чаша за чај со средна големина (важно е да мерите со истата чаша).

Состојки:

  • 1 чаша интегрално брашно
  • 1/2 чаша гриз
  • 1/2 чаша овесно брашно
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша вода
  • 1 јајце
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка пециво
  • 7 маслинки (само извадете ги семките)
  • куркума, сол, бибер

Начин на подготовка:

Најпрво измешајте ги сите суви состојки. Потоа додадете го јајцето, јогуртот и водата. Внимавајте на густината, тестото треба да биде иста густина како за обични мафини.

Насечкајте ги маслинките и ставете ги одозгора, декорирајте со неколку овесни снегулки и магдонос.

Уживајте во прекрасниот и здрав оброк! 🙂

Рецептот е на Елена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here