Home Рецепти Здрави десерти Идеален десерт: Здрави овесни палачинки со пире од јаболка, мед и цимет

Идеален десерт: Здрави овесни палачинки со пире од јаболка, мед и цимет

106
0

Овие овесни палачинки не се нов рецепт, но секој пат кога ќе ги направам се сè подобри и подобри од претходниот пат. Вкусни се да ги јадете дури и без фил. Рецептот за нив пронајдете го тука.

Најчесто кога правам овесни палачинки ги комбинирам со домашна нутела (рецепт), но сега решив да биде нешто што ќе биде и благо, но во исто време и кисело за да им даде малку свежина. Пирето од јаболка беше прав погодок – вистинско есенско уживање! 🙂

Рецепт за пире од јаболка, мед и цимет

Потребни состојки:

  • 3 поголеми јаболка
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица кокосово масло
  • малку цимет.

Начин на подготовка:

Јаболката излупете ги и изрендајте ги на ситната страна од рендето. Во тавче на оган на тивко ставете да се стопи кокосовото масло, и потоа додадете ги јаболката. Пржете ги малку дури да омекнат и тргнете ги од оган.

Почекајте пирето да се излади и додадете го медот и циметот.

Со ова пире премачкајте ја секоја палачинка и редете ги една врз друга. Доколку сакате може да додадете и мелени лешници и сува брусница.

Добар апетит! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here