Home Рецепти за бебе 12+ Палачинки од цели зрна хељда

Палачинки од цели зрна хељда

10
0

Одличен појадок од цели житарки за целото семејство. Ова е супер опција и за најмалите.

Состојки (за 12 палачинки):

  • 130 g сурови зрна хељда – се кинат во вода преку ноќ или барем 4 часа
  • 1 јајце
  • 1 банана
  • малку ванила
  • 50 ml кокосово млеко (може и било какво млеко или јогурт/павлака)

Начин на подготовка:

Хељдата е потребно да ја кинсете во вода минимум 4 часа, но најдобро преку ноќ. Следниот ден фрлете ја водата и убаво измијте ги зрната па префрлете ги во блендер (без вода) заедно со јајцето, бананата и кокосовото млеко. Ако сакате по желба можете да додадете и малку ванила. Убаво изблендирајте и смесата за палачинките е готова.

Пржете ги палачинките во убаво загреана тава што не лепи. Кај мене прелесно се вртеа и печењето беше навистина брзо.

Од оваа количина јас добив точно 12 палачинки. Можете да ги јадете со овошје и со путер од јатки, со џем или со било каков намаз.

Оваа комбинација можете да ја направите и во неутрална верзија додавајќи павлака/грчки јогурт наместо бананата и кокосовото млеко.

Нутритивни вредности по палачинка:

  • 52.7 калории
  • 10.1 g јаглехидрати
  • 0.8 g масти од кои 0.2 g заситени
  • 2.1 g протеини
  • 1.3 g влакна

До следно здраво готвење 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here