Home Рецепти Здрави десерти Посни чоколадни бомбици

Посни чоколадни бомбици

171
0

Овие посни, чоколадни бомбици се одличен предлог за вкусна и здрава ужинка. Богатиот чоколаден вкус ќе ве освои со сигурност. 🙂

Потребни состојки:

  • 2 лажици гоџи бобинки
  • 100 g сува брусница
  • 8 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици киноа снегулки
  • 2 лажици 4 мелени семиња
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 2 лажички мед
  • сок од еден портокал.

Начин на подготовка:

Најпрво во сецко ја ставаме брусницата заедно со гоџи бобинките и ги блендираме сè дури не се иситнат. Потоа во друг подлабок сад ги мешаме сите состојки заедно сè да се добие еднолична и хомогена смеса.

На крај, внимателно формираме топчиња. Од наведената количина на намирници се добиваат околу 22 бомбици со средна големина.

Чувајте ги бомбиците во фрижидер!

На здравје! 🙂


Можеби ќе ве интересира: Посни сникерс барови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here