Намаз од авокадо и печена пиперка

Споделете со пријателите

Авокадото содржи многу хранливи состојки и претставува одличен извор на витамин К, фолна киселина, растителни влакна и здрави масти. Тоа содржи многу повеќе калиум отколку што има во бананите, а големиот процент на здрави масти го прават моќен агенс против покачените триглицериди и холестерол во крвта. Авокадото содржи и многу антиоксиданси, па се смета и за добар антиканцероген агенс.

Многу луѓе не го поднесуваат вкусот на авокадото, но доколку го комбинирате правилно, можете да добиете одличен оброк во кој нема ни да знаете дека има авокадо.

Некои предлози за оброци со авокадо:

Здрав намаз од авокадо

Здрав чоколаден пудинг со авокадо

Вкусен намаз од сардина и авокадо

Покрај познатиот гвакамоле сос од авокадо, лимон и лук, одлична комбинација на вкусови е и авокадо и пиперка, ќе добиете одличен намаз кој можете да го комбинирате на повеќе начини. Дополнително пиперката содржи витамин Ц, А и Е кои во синергија со хранливите состојки со авокадото ќе ви направат еден супер здрав намаз одличен за најразлични деликатесни комбинации.

Потребни состојки:

  • 1 зрело авокадо
  • 3 пиперки (доколку имате може и црвени)
  • 3 лажици маслиново масло
  • неколку чешнења лук
  • малку хималајска сол
  • 1 лажичка сенф.

Начин на подготовка:

Пиперките најпрвин премачкајте ги со маслиново масло и ставете ги во рерна да се печат на 180°С околу 50-тина минути. Кога ќе бидат готови извадете ги и ставите и во сад со поклопец за да омекнат и полесно да ја извадите лушпата.

На крај кога ќе ги излупите ставете ги во блендер и додадете ги сите други состојки, мешајте дури не добиете густа и убава хомогена смеса.

Складирајте го намазот во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер доколку не го јадете веднаш.

Можете да го комбинирате со интегрално лепче и свеж зеленчук, со интегрални крекери од семиња (рецепт), да мацкате со свеж морков или пак да си подготвите вкусен интегрален сендвич.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *