Овие посни, чоколадни бомбици се одличен предлог за вкусна и здрава ужинка. Богатиот чоколаден вкус ќе ве освои со сигурност.

Потребни состојки:
- 2 лажици гоџи бобинки
- 100 g сува брусница
- 8 лажици овесни снегулки
- 2 лажици киноа снегулки
- 2 лажици 4 мелени семиња
- 3 лажици коксово масло
- 1 лажица какао
- 2 лажици путер од кикиртики
- 2 лажички мед
- сок од еден портокал.
Начин на подготовка:
Најпрвин во сецко ја ставаме брусницата заедно со гоџи бобинките и ги блендираме се дури не се иситнат. Потоа во друг подлабок сад ги мешаме сите состојки заедно се дури не се добие еднолична и хомогена смеса. На крај, внимателно формираме топчиња. Од наведната количина на намирници се добиваат околу 22 бомбици со средна големина.
Чувајте ги бомбиците во фрижидер!
На здравје!








