7 дена свежи салати – Ден 7

Споделете со пријателите

Стигнавме до крајот, денес е последниот ден од нашиот предизвик 7 дена свежи салати. Очекувајте наскоро водич со сите 7 рецепти кои ќе можете да си го испечатите и да си го чувате во кујната со цел одвреме-навреме да ве потсети да се предизвикате и 7 дена повторно за вечера  да се храните само со свежи салати.

За денес комбинација од авокадо и краставица.

Ден 7

Салата со авокадо и краставица

Зошто авокадо? 

Авокадото е карактеристично овошје со кремаст вкус. Калоричноста на авокадото потекнува од мастите и затоа неговата хранлива вредност се изедначува со онаа на јаткастите плодови и семињата. Авокадото е богато со мононезаситени масти, растителни влакна, витамини (А, Е и К) и многу минерали (железо, бакар, магнезиум и манган).

Во авокадото исто така се наоѓа и голема концентрација на танини кои се познати по своите антивоспалителни, антиоксидантни и антиулкусни својства. Во мала концентрација се наоѓаат и флавоноиди кои спаѓаат во групата на полифенолни антиоксиданси кои штитат од слободните радикали. Свежото авокадо е и многу добар извор на калиум, важен за регулација на работата на срцето и одржување на нормални вредности  на крвениот притисок.

Woman holding halved avocado

Потребни состојки:

  • 1 поголема краставица
  • неколку листови марула
  • 1 авокадо
  • 2-3 чешниња лук
  • сок од половина лимон
  • 1 мала лажичка маслиново масло
  • сол и зачини по желба

Начин на подготовка:

Краставицата и марулата насечкајте ги и ставете ги во подлабок сад. Потоа додадете го авокадото насечкано на коцки. Лукот истолчете го и помешајте го со лимоновиот сок, маслиновото масло, солта и зачините кои ги сакате. Со овој сос прелијте ја салатата.

Добар апетит!

Рецептите од претходните 6 дена од предизвикот 7 дена свежи салати пронајдете ги тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *