Здрав намаз од авокадо

Споделете со пријателите

Купивте авокадо, но сеуште се мислите како да го искористите. Имаме одличен и брз рецепт за подготовка на вкусен намаз од авокадо.

Потребни состојки:

  • 1 зрело авокадо
  • 1 лажичка сушен морков
  • 1 лажичка сушен кромид
  • 1 лажичка сушен целер
  • 1 лажичка маслиново масло
  • малку хималајска сол и црн бибер
  • по потреба малку вода.

Начин на подготовка:

Најпрвин сушениот зеленчук измелете го или ставете го во блендер. Потоа авокадото изгмечете го со виљушка и во него додадете го сувиот и мелен зеленчук, додадете 1 лажичка маслиново масло и убаво соединете. На крај посолете со малку хималајска сол и црн бибер. Доколку смесата е многу густа можете да додадете и сосема малку водичка.

Исто така наместо со виљушка можете сето тоа да го измешате и соединете во блендер.

Овој намаз е одличен додаток на било кое јадење. Можете да го јадете со интегрално лепче, да ја збогатите омилената салатата или пак да го јадете со интегрални солени крекери без брашно и без масло (рецепт за нив проверете овде).

Добар апетит!

Рецептот и сликата за овој прекрасен намаз ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *