Вкусен и здрав појадок: Киноа со јаболко и цимет

Споделете со пријателите

Ако сеуште не сте ја вовеле киноата во вашата кујна, би требало да го сторите тоа поскоро. Киноата не содржи алергени и има ниско ниво на јаглехидрати и калории. Може да го замени компирот, оризот, овесните снегулки и брашното. Исто така киноата може да се прилагоди во било кој вкус така што можете да ја употребувате и во солени јадења, но и во десерти.

Во рецептот кој ви го нудиме во продолжение, ви даваме идеја како да подготвите киноа со јаболко и цимет. Оваа комбинација е одлична идеја за појадок.

Што ви е потребно?

  • 100 g киноа,
  • два пати повеќе вода (ако 100 g киноа е околу една чаша, додајте две чашки вода),
  • 1 мала лажичка цимет,
  • малку ванила (по желба),
  • две поголеми јаболки (рендани),
  • две супени лажици мед,
  • 50 g ситно исечкани бадеми или ореви.

Како да го подготвите овој здрав појадок?

Водата ја ставате во сад и ја чекате да зоврие, потоа ја додавате киноата и варите 10 мунути. После 10 минути го додавате циметот, медот, ванилата и јаболките. Продолжувате да варите уште 10тина минути дури водата целосно не се апсорбира и киноата целосно не омекне. На крај ја тргате од оган и ја ставате во чашки, декориратје со сечканите бадеми или ореви.

Горенаведената количина на намирници е доволна за 4 пориции.

Нутритивната вредност на овој појадок по порција изнесува: 170 kacal, 2 g масти, 36 g јаглехидрати и 4 g протеини.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *