6 намирници кои го забрзуваат топењето на масното ткиво

Споделете со пријателите

Да расчистиме на самиот почеток, не постои ниедна намирница која ќе ја јадете и ќе губите килограми. Килограмите не се добиваат преку ноќ, така што не се ни губат преку ноќ.  Добрата вест е тоа што постојат одредени намирници кои го поттикнуваат процесот на топење на масното ткиво. Урамнотежена исхрана во комбинација со овие намирници како и одредена физичка активност се сигурен пат до успех.

Прочитајте повеќе кои намирници би требало да ги вклучите во вашето мени за да го забрзате процесот на користење на масното ткиво за енергија.

1.Авокадо

avokado

Активни сосотојки: здрави масти и манохептулоза.

Со висок процент на здрави мононезаситени масти кои телотото нема да ги депонира како масно ткиво, авокадото е одлична намирница за губење килограми. Дополнително, авокадото содржи и шеќер манохептулоза, кој е поврзан со намалување на ослободувањето на инсулин кој е директно поврзан со таложење на масното ткиво.

Предлог оброк со авокадо: Сос од авокадо со зеленчук.

2.Чили

chili-peppers

Активна сосотјка: капсацин.

Капсацинот кој се наоѓа во чилито, ја зголемува термогенезата, односно создавањето на топлина во телото. Процесот на термогенеза предизвикува трошење на дополнителни калории, што резултира со губиток на масни наслаги.

Предлог оброк со чили: Помешајте сок од половина портокал, две лажички маслиново масло, 1 лажичка чили и направете маринада. Во маринадата ставете пилешко месо и оставете го миниумум 1 часа, но може и 24 часа. Потоа пилешкото подгответе го на скара.

3.Јајца

hard-cooked-eggs

Акивни состојки: протеини и здрави масти.

Едно научно истражување направено во САД дошло до заклучек дека конзумирањето на две јајца наутро го намалува ризикот од прејадување во текот на денот. Јајцето е полновредна намирница која содржи многу хранливи сосотјки. Жолчката изобилува со здрави масти, витамини А, Д и Е, додека белката изобилува со протеини. Едно јајце содржи околу 70 калории во зависност од големината.

Предлог оброк со јајце: сварете две јајца и комбинирајте ги со зелена салата и спанаќ, зачинето со малку маслиново масло, сок од лимон и сол.

4.Ѓумбир

GingerThermosTea

Активна сосотјка: гингерол.

Ѓумбирот е намирница која го забрзува метаболизмот преку зголемување на потрошувачката на кислород во мускулите што резултира со поголема потрошувачка на калории.

Предлог напиток со ѓумбир: Изрендајте околу 1 cm корен од ѓумбир, додајте сок од 1 лимон, неколку листови нане и 1 литар вода. Измешајте го сето тоа убаво и козумирајте го во текот на денот наместо вода.

5. Грејпфрут

grejp

Активна состојка: нарингин.

Грејпфрутот содржи супстанца наргинин, која го потикнува топењето на складираните масти. Освен тоа, грејпфрутот содржи и ликопен, витамини А и Ц и многу растителни влакна.

Предлог оброк со грејпфрут: Детокс смути со грејпфрут и аронија.

6.Зелен чај

green tea

Активни состојки: епигалокатехин галат и кофеин.

Кофеинот во зелениот чај е познат по својот ефект врз топењето на мастите. Освен кофеинот супстанцата позната како епигалокатехин галат која се наоѓа во зелениот чај нуди низа здравствени бенифити. Оваа супстанца го забрзува метаболизмот и го поттикнува топењето на масното ткиво.

Предлог напиток со зелен чај: Помешајте две шољи зелен чај со сок од еден лимон и една чаша вода. Додајте по желба и коцки лед и конзумирајте го во текот на денот наместо вода.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *