Јога со Fitlife!

Споделете со пријателите

Пред некое време објавивме коментари и реакции од онлајн Пилатес микс групата за вежбање,  со оглед на тоа што месецов можеме да го сметаме за „Месец на Јогата“,  во продолжение ќе следат коментари кои ги направија нашите јогини после извежбан час со Марина.

Часовите се одвиваат онлајн, но се надеваме дека од септември ќе се создадат услови и за часови со директно присуство, а до тогаш, не се мислете, придружете ни се и нема да згрешите!

Каква Јога вежбаме? Хата Јога и Јин Јога.

Зошто Јога?

Ако сепак, јогата не е ваш избор, тогаш секако ве повикуваме да ни се приклучите на пилатес или аеробик часовите.

Жал ни е што не ги сочувавме сите коментари откога почнавме но сепак еве еден дел….

Fala sto spodeluvas so nas edna takva cudna energija koja ,na uste pocuden nacin se prenesuva duri i preku monitor.Fala sto mi ja smiruvas mojata luda,i dodavas malku rozevi boi vo istata,Fala sto mi dade pricina da vidam deka se se moze dokolku dovolno silno se saka…Fala sto i jas pocnav da si veruvam vo toa Namaste🥰

Многу беше убаво. Мислам дека никогаш од почетокот до сега не се имав вака убаво опуштено во шавасана. Како да ми се разлеа цела глава на подот, како ратопените часовници на Дали. 😀 Марина, гласот ти е хипнотично пријатен, сум кажала и претходно. Фала ти што постоиш ❤️😊

Marina Pesic…за некој кој дури и стоечки јаде…. не реално е како телото ми  реагира кога е јогата во прашање…..Причина за свое време, причина за благодарност…. ќе ми треба помош околу поимите…. веќе доволно ми помогна што на мојава турбулентна рутина и даде доза на смиреност бар на кратко…… ти Благодарам

Lele Marina! Kakva bev krs cela so bolku od nedelata, predna loza edvaj ja mrtkav…posle casov – nova! Moram da ti kazam, iako trcam pesacam planinaram i vezbav joga so godini, mnogu sum kruta. Mnogu! Ama posle skoro godina dena vezbanje so tebe, se predava telovo, popusta, omeknuva! Poleka, ama sigurno. Ti se predadov   Osobeno vo posledno vreme osekam kako ramenata mi omeknuvaat i dopiraat na pod na usukuvanja so noze svitkani. Pred toa ne mi dopiraa na pod! Fala fala fala uzivam na sekoj cas

Марина фала ти за јога часовите оваа година! Имаа голема улога во мојата среќа и ментално здравје! Ти посакувам предизвици кои ќе ги совладаш во Новата Година, здравје и неизмерна среќа. Те сакам

Super cas! Moram da se pofalam, mn sum happy! Posle x godini jogiranje, prv pat denes na pozdrav na sonceto, i dvete noze megu race gi vrakav bez da si pomagam so raka! Kako od sala op hop i dvete strani! Nikogas do sega ne mi uspealo. Edvaj cat pat po nekoj cas levata. Denes, touch down  Fala fala fala

Овие реални искуства се вистински доказ за влијанието на јогата врз нашето физичко и ментално здравје, а во ова време во кое моментално живееме тоа ни е навистина потребно.

Не двоумете се да пробате! Ве очекуваме! – Онлајн Јога

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *