Направете сами: Кофеински пилинг за тело против целулит

Најголемата ноќна мора за секоја жена – целулитот. Проблем со кој се соочуваат дури и оние жени кои немаат вишок килограми. Целулитот се јавува најчесто поради постојаното седење, нездрава и нередовна исхрана, физичка неактивност и недоволно внесување на вода.

Иако не можеме во целост да ја спречиме појавата на целулит сепак одредени техники, методи и трикови навистина можат да ви помогнат да го намалите.

Можеби ќе ве интересира: Најдобри намирници во борбата против целулитот.

Користењето на пилинг 2-3 пати неделно може да биде ефикасна техника за намалување на целулитот затоа што на тој начин ги отстранувате мртвите клетки од кожата и ја зголемувате циркулацијата.

Нашиот денешен рецепт за подготовка на пилинг за намалување на целулит содржи кафе, токму поради моќта на кофеинот да ја забрзува циркулацијата. Користење на овој пилинг 2-3 пати неделно во комбинација со масажа, физичка активност и доволно внесување на течности гарантира видливи резултати за 2-3 недели.

Овој пилинг се подготвува навистина лесно и брзо, од состојки кои веќе ги имате во кујната и има неверојатен ефект.

Потребни состојки:

  • 6 лажици кафе (обично турско кафе)
  • 6 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 3 – 4 лажици маслиново масло (можете да го замените и со кокосово).

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки убаво дури не добиете еднолична смеса. Складирајте го пилингот во стаклена тегличка и користете го пред да се туширате 2-3 пати неделно. Правете масажа на критичните делови со лесни движења без притоа да предизвикате иритација и црвенило на кожата.

Можеби ќе ве интересира: Како на природен начин конечно да се решите од целулитот.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *