Суперхрана за активен мозок

Споделете со пријателите

Ако сакате да имате подобра меморија, да бидете поконцентрирани и да ја подобрите функцијата на вашиот мозок, треба да вклучите неколку намирници кои се сметаат за суперхрана не само за мозокот, туку и за телото.

Нашиот мозок е комплексна и моќна машина, која има потреба од вистински хранливи материи за да функционира правилно. Тој регулира илјадници комплексни функции и токму поради тоа е особено важно да водите грижа за него секојдневно. Овие 10 супер намирници ќе ви помогнат во подобрување на вашите ментални способности.

broccoli_salad11

1. Брокула

Брокулата е полна со холин кој го поттикнува развојот на нови мозочни клетки и на врските помеѓу нив. Тие се есенцијални за добра работа на мозокот и добра меморија. Брокулата исто така содржи витамин К, кој ги подобрува когнитивните функции и меморијата. Конзумирањето на една порција брокула, три пати неделно, е еден од најефективните начини да ја подобрите функцијата на вашиот мозок.

Walnuts in wooden spoon on old,rustic desk

2. Ореви

Оревите се едни од најпопуларните намирници кога станува збор за добро функционирање на мозокот. Тие имаат највисоко ниво на омега-3 масни киселини, во споредба со останатите јаткасти плодови. Омега-3 масните киселини имаат заштитен ефект врз мозокот, бидејќи ја зголемуваат функцијата на невротрансмитерите, кои за возврат ги подобруваат когнитивните способности и енергијата. Оревите, исто така, го зголемуваат протокот на кислород и хранливи материи во крвните садови во мозокот и спречуваат воспаленија. Уште повеќе, оревите се одличен извор на магнезиум и витамин Б6 кои го штитат мозокот. Јадете една шака ореви и подобрете ја моќта на вашиот мозок.

turmeric powder & turmeric

 3. Куркума

Истражувањата покажале дека вклучувањето на куркумата во оброкот може да придонесе за подобра мозочна активност. Главната состојка на куркумата, куркуминот го намалува ризикот од појава на Алцхајмерова болест. Конзумирањето на куркума, исто така може да помогне во заштита од појава на воспаленија на мозокот. Ако сакате најефикасно да ги искористите придобивките на куркумата,  ставете една мала лажичка куркума во чаша топло или ладно млеко.

salmon

4. Лосос

Масните киселини се составен дел од сите клетки во човечкото тело, така да телото има потреба од масни киселини со цел да функционира добро. Лососот, кој е богат со омега-3 масни киселини е одличен за мозокот. Содржи докозахексанонска киселина (DHA), која може да спречи појава на Алцхајмерова болест. Уште повеќе, омега-3 масните киселини се одлична заштита од воспаленија и ја подобруваат циркулацијата на крв во мозокот.

Tomkin-British-Tomato-Growers-Association-National-Plant-Societies-Plant-Heritage-Marquee-Tatton-Park-2012-_PUB0024696

5. Домати

Доматите се уште една суперхрана која ја подобрува работата на мозокот. Тие се одличен извор на моќен антиоксиданс – ликопен, кој се бори со слободните радикали, кои може да предизвикаат оштетување на мозочните клетки, што вообичаено води кон деменција. Докажано е дека луѓето кои конзумираат ликопен секој ден, имаат подобра меморија за разлика од оние кои не конзумираат. Доматите го намалуваат и ризикот од мозочен удар. Додадете домати во вашата салата, во супите, омлет или конзумирајте ги свежи.

green-tea-e1429210531847

6. Зелен чај

Истражувачите од Универзитетот во Базел откриле дека зелениот чај ги подобрува врските помеѓу мозочните клетки, што значи подобрување на когнитивните функции и заштита од демеција. Зелениот чај исто така ја подобрува концентрацијата и меморијата и помага во заштита од појава на Паркинсонова болест. Конзумирајте 2 до 3 чаши свежо подготвен зелен чај секојдневно и подобрете ја функцијата на вашиот мозок.

darkchocolate_wide-e1ed5fe69911cd0208e993796a5936d6461139d7-s900-c85

7. Темно чоколадо

Темното чоколадо е едно од најдобрите намирници богати со антиоксиданси, кои се одлични за целото тело, а особено за мозокот. Темното чоколадо содржи и флавоноиди кои помагаат во подобрување на циркулацијата во мозокот. Истражувањата покажуваат дека темното чоколадо ја подобрува концентрацијата, па затоа конзумирањето на еден до два реда темно чоколадо секојдневно е одличен начин да ја подобрите работата на вашиот мозок.

blueberries-berries-close-up-hd-wallpaper

8. Боровинки

Боровинките се едни од највкусните намирници кои ја подобруваат меморијата и концентрацијата. Го штитат мозокот од слободните радикали и го намалуваат ризикот од појава на Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Експертите препорачуваат конзумирање на една порција боровинки секој ден.

butternut-squash

9. Тиква

Тиквата изобилува со фолна киселина и витамин Б12, кои се одлични за заштита на нервите и функцијата на мозокот. Фолната киселина помага и во преносот на информации низ мозочните клетки и во подобрување на меморијата. Најдобро е да ја конзумирате печена или варена.

Bowl-of-spinach

10. Спанаќ

Спанаќот е богат со калиум, кој помага да се подобри функцијата на мозокот. Спанаќот е богат и со антиоксиданси кои го штитат мозокот од оштетувања. Уште повеќе, спанаќот содржи важни хранливи материи како магнезиум, витамин Е и витамин К кои спречуваат појава на демеција.

Додадете барем неколку од овие супер намирници во вашето секојдневно мени со цел да ја подобрите вашата меморија и концентрација, но исто така не заборавајте да пиете и доволно вода, бидејќи дехидрацијата може да биде причина за појава на главоболки, намалена концетрација, намалена способност за меморија и замор.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *