Крем супите од зеленчук се едни од најздравите и најхранливите. Полна чинија зеленчуци и хранливи нутритиенти. Здрав ручек за целото семејство и тоа за помалку од половина час.
Денес споделуваме со вас интересен и здрав рецепт за подготовка на зеленчукова крем супа со амарант. Оваа супа поради богатството од зеленчуци ќе ве наполни со многу витамини и минерали. Амарантот пак од друга страна и дава дополнителна хранливост. Повеќе за тоа што претставува амарантот прочитајте овде.
Потребни состојки (за 3 лица):
- 100 g свежи броколи
- 100 g свеж карфиол
- 1 мала тиквица
- 1 компир со средна големина
- 2-3 моркови
- 50 g амарант
- 2 коцки за подготовка на зеленчукова супа
- магданос
- сол и бибер
- 1 L вода
Начин на подготовка:
Сите зеленчици исечкајте ги на мали коцки, прелијте ги со вода и додадете ги двете коцки за супа. Варете го зеленчукот 10-тина минути, односно дури убаво не омекне. Потоа тргнете го од оган и со рачен блендер блендирајте неколку минути дури не добиете кремаста смеса. Доколку немате рачен блендер искористете ја алатката со која подготвувате пире и испасирајте го убаво зеленчукот. Потоа вратете го тенџерето на оган и додајте го амарантот, варете уште 7-10 минути. На крај додајте сечкан магданос, бибер и сол по желба. На здравје!!!
Можеби ќе ве интересира: Како да подготвите супа од домати.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.
Драгана браво за супата 🙂 одлична е 🙂
одлично баш се радувам што ви се допаднала 🙂