15 работи кои треба да ги знаете во врска со слабеењето

Споделете со пријателите

Постојано сте на некоја диета и постојано се убедувате себе си дека овој пат ќе бидете упорни и ќе успеете до крај. Но, каде е крајот? Дали сте се запрашале?

Што е она што морате да го знаете во врска со слабеењето доколку сакате вистински и трајни резултати!

  1. Бројката на вагата не е секогаш релевантен показател за тоа дали слабеете

Ако тежината не ви се менува веќе подолго време иако неуморно се трудите да намалите неколку килограми, немојте да се разочарувате. Доколку вежбате телото започнало можеби да формира мускулна маса која тежи многу повеќе од масното ткиво, но од друга страна можеби и сте ослабени во обем, но не и во килажа.

Исто така има врска дали се мерите наутро или пак во текот на денот. Во текот на денот пиеме течности, јадеме и телото задржува вода, тоа додава дополнителен 1 килограм сигурно. Мерете се секогаш рано наутро пред да јадете било што, но и запомнете дека бројката на вагата не мора да значи ништо!

Можеби ќе ве интересира: Чаеви кои го помагаат слабеењето

  1. Се или ништо

Ако сакате да ја остварите својата цел, да ослабете и конечно да го намалите масното ткиво, немојте да си поставувате нереални цели и во целост да се ограничувате и во поглед на исхраната, но и да се исцрпувате со физички тренинзи секојдневно. Сето тоа после многу краток период ќе ви создаде фрустрација и многу е веројатно дека брзо ќе им се вратите на старите навики.

Како да го направите здравиот начин на исхрана и вежбањето животен стил (20 основни правила)

  1. Слабеењето не оди праволиниски

Ако и друг пат сте се обиделе да слабеете сигурно сте забележале дека на самиот старт телото започнува да слабее брзо и вие сте мотивирани и среќни и мислите дека тоа така ќе продолжи се додека се придржувате до правилата за слабеење. Но, за жал или за среќа телото е паметна машина и брзо се учи на новите навики и започнува да компензира и да троши помалку, што последователно предизвикува намалување на ратата на слабеење после одреден период.

  1. Секој се адаптира на режимите за исхрана поинаку

Сите ние сме уникатни индивидуи со уникатен метаболизам и затоа е многу неправилно доколку се споредувате со вашата пријателка која е на истиот режим како и вие. Немојте да очекувате дека и вие ќе ги имате истите резултати за истото време. Треба упорност и трпеливост затоа што секој организам е различен!

  1. Бидете свесни за придобивките од здравите животни навики и физичката активност

Не започнувајте диета и физичка активност само заради килограмите.

Вежбајте затоа што го сакате своето тело, а не затоа што го мразите.

  1. Локално намалување на масното ткиво

Сакате да го намалите само обемот на струкот или пак сакате да ги ослабете само нозете. Мора да бидете свесни дека во пракса тоа е многу тешко затоа што ние не сме создаде да можеме да го контролираме тоа во таа мера. Ако започнете со слабеење ќе започне да слабее цело тело и многу е тешко да се изолираат одредени делови од телото.

Имајте во предвид дека:

  • Не постојат вежби за намалување само на стомакот!
  • Не постојат вежби за намалување на масното ткиво на одреден дел од вашите нозе!
  • Не постојат вежби за намалување само на салото од надлактицата!
  • Постојат вежби за јакнење на мускулите и тренинзи со кои трошите калории, а за време на тренингот телото зема и ги користи оние масти кои моментално му се најдостапни, а не оние кои вие сакате!

Можеби ќе ве интересира: Како да ја одржите мотивацијата за вежбање?

  1. Мускулна маса

Мора да бидете трпеливи и упорни со физичката активност затоа што мора да помине одреден период и да создадете одреден процент на мускулно ткиво кое троши многу повеќе калории во мирување отколку масното ткиво кое сте го имале претходно. Тоа гарантира резултати подолгорочно, така што вреди да се навлечете на вежбање!

  1. Кардио или тренинг за сила?

Јас би рекла и двете! Сакате да слабеете па се ориентирате само кон кардио тренинзи, епа тоа е сосема погрешно – вратете се и прочитајте ја претходната точка. За да слабеењето биде долгорочно и да му овозможите на телото да троши калории и во мирување ви треба и тренинг за сила.

Можеби ќе ве интересира: Аеробик или Пилатес? Што е поефикасно за обликување на телото?

  1. Потребно е време

Немојте да очекувате резултати преку ноќ, ништо во животот и во природата не се случува со голема брзина. Бидете упорни и трпеливи, но и свесни дека колку побавно ги намалувате килограмите толку е поголема веројатноста дека тие нема да се вратат лесно ако краток период се опуштите и уживате во некои слатки задоволства!

  1. Нема потреба да сте фитнес професионалци за да постигнете добри резултати

Не си ставајте етикети дека Вас не ве бива за вежбање. Сите можеме! Треба само да сакате!

Од вас не се бара да бидете фитнес професионалци и да поминувате по 3 часа дневно во физичка активност. За почеток доволно е 3 до 4 пати неделно по околу 60-тина минути.

  1. Денови за одмор

Во ред е да бидете посветени и упорни, но морате да му дозволите на телото и одмор. Барем 1 ден во неделата практикувајте да немате никаква физичка активност за да можат мускулите да се регенерираат.

  1. Забранети намирници

Треба да имате рестрикција во исхраната и да се придржувате до тоа. Но, немојте да бидете многу строги со себе, ако ви се јаде чоколадо или пица дозволете си, ама следниот ден направете детокс или пак додадете уште 15-20 минути повеќе физичка активност за да го компензирате тоа што сте го внеле повеќе.

Можеби ќе ве интересира: Одберете намирници кои создаваат чувство на ситост

  1. Уживајте во храната

Јадете ја храната и спремајте ја на начин на кој на вас ви е вкусно. Правилото дека здравата храна не е вкусно е сосема погрешно. Ако ја искомбинирате со правите зачини и на правилен начин се може да биде поинаку. Научете се да уживате во тоа што го внесувате знаејќи дека со здравите оброци правите добро и за вашето здравје и за вашето тело!

  1. Стил на живот

Направете го здравото живеење стил на живот, не им робувајте на диетите и не дозволувајте физичката активност да ви биде терет. Научете се да уживате во таквото секојдневниве, тоа ќе ве направи среќни и мотивирани.

  1. Времето кое ќе го потрошите на пребарување на интернет како да ослабете искористете го за квалитетен тренинг и добар здрав оброк

Магично решение нема да најдете, затоа користете го секој момент рационално!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *