Полнета пиперка за бебе (7+)

Овој рецепт ми е инспирација од бебе готвач, иако мојата варијанта е малку изменета.

Бидејќи е комбинација од неколку зеленчуци и житарка, на крај се доби совршена зеленчукова кашичка која беше одлично прифатена.

Состојки:

  • 2 пиперки – ако имате бабури, 1 бабура е доволно (јас немав, па користев обични кои се потенки и собираат помалку зеленчук, па затоа наполнив 2)
  • ½ морков
  • 1 тркалце тиквичка
  • ½ компир
  • малку праз
  • 1 лажичка ориз
  • неколку листови спанаќ
  • малку маслиново масло
  • околу 200 ml вода.

Начин на подготовка:

Сите зеленчуци освен пиперките ги сечкате на многу ситно. Ги мешате сите состојки заедно во еден сад и полека ги полните пиперките.

На крај јас ги затворив со парче тиквичка, иако може и со тркалце компир.

Ги ставате пиперките во тенџере, попрскувате неколку капки маслиново масло и ја додавате водата.

Оставате да се вари околу 30-тина минути на тикво. На крај содржината од пиперката заедно со пиперката, но без лупка ја ставате во блендер.

На здравје бебенце!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *