Вкусен и нутритивен појадок за помалку од 5 минути: Варена овесна каша со овошје и семиња

Споделете со пријателите

Балансиран и нутритивен појадок е се што ви е потребно за енергичен старт на денот. Комбинацијата на целозрнести житарици, овошје и семиња е совршена нутритивна бомба која ги содржи сите макронутритиенти потребни за одличен почеток.

За помалку од 5 минути ќе имате богат оброк кој ќе ви даде здравје и енергија.

Оваа овесна каша можете да си ја ставите и во тегличка и да си ја земете со себе на работа.

Потребни состојки:

  • 4 лажици овесни снегулки
  • околу 200 ml вода/ може и кокосово млеко
  • ½ банана
  • 1 киви
  • 1 лажичка чиа семе
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажичка кокосови трошки.

Начин на подготовка:

Овесните снегулки и водата или кокосовото млеко ставете ги на оган и варете ги многу кратко (можеби околу 2-3 минути). Ќе видите како сместа ќе почне да станува густа и леплива. Тргнете го сварениот овес од оган и додадете ги другите состојки. Овошјето можете да го насечкате на коцки или кругови.

Наросете ги одозгора семињата и кокосот и уживајте!!!

Нутритивни вредности:

  • 290 калории
  • 6 g јаглехидрати
  • 3 g масти од кои заситени само 0.6 g
  • 8 g протеини
  • 8 g влакна (дневен препорачан внес за оптимална работа на цревата е околу 25 g)

Комбинацијата на киви и банана исто така ќе ве обезбеди со 100 mg на витамин Ц или повеќе од 100% од дневните препорачани потреби.

Рецепт и слика – Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *