Јаболковиот оцет се користи во исхраната веќе илјадници години. Неговата популарност е оправдана затоа што содржи околу 90 различни хранливи состојки, вклучувајќи: калиум, магнезиум, железо, бакар, натриум, витамин А, Е и Б, органски киселини, пробиотици, пектини и др.
Со толку богат хранлив состав, воопшто не е чудно што јаболковиот оцет има толку многу здравствени придобивки. Тој делува антивирусно, антибактериски, антигабично, но исто така помага и во елиминирање на штетните токсини од телото.
Здравствени придобивки од употреба на јаболковиот оцет во секојдневната исхрана:
→ го подобрува варењето и помага кај оние луѓе кои имаат потешкотии со празнењето на цревата
→ го намалува нивото на шеќер во крвта
→ ги ублажува симптомите на алергија
→ ги ублажува симптомите на главоболка и грип
→ успешно помага во третирање на кожни болести како акни, егземи и сл.
→ го намалува високиот крвен притисок
→ ги ублажува болките во зголобоите предизвикани од артритис
→ ја поттикнува апсорпцијата на хранливите материи од цревата
→ го прочистува телото од токсини
→ помага во намалување на тежината
→ го зголемува нивото на енергија
→ го забрзува растот на косата.
Јаболковиот оцет несомнено има многу придобивки за здравјето, во прилог на тоа неколку практични совети:
- Додадете 2 лажици јаболков оцет во чаша вода и пијте 3 пати на ден за ублажување на симптомите на настинка и главоболка.
- Во чаша со вода помешајте 2 лажици јаболков оцет и пијте на гладен стомак пред ручек против сезонски алергии.
- Помешајте јаболков оцет и неколку капки кокосово масло и со памукче поминете го местото каснато од инсект (оцетот ќе го намали воспалението, чешањето и отокот).
- Јаболковиот оцет ја нормализира рН вредноста во телото. Пијте наутро на празен стомак чаша млака вода со 1 супена лажица јаболков оцет.
- Ако сакате да ги избелите забите, измијте ги со јаболков оцет, а потоа исплакнете ги со млака вода.
- Ослободете се од лошиот здив со помош на јаболков оцет. Во чаша вода додајте 1/2 лажица јаболков оцет, па потоа убаво исплакнете го грлото.
- Помешајте јаболков оцет со вода во однос 50:50, ставете го во шише со распрскувач и искористете го за дезинфекција и чистење во домот.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.