Има ли поубаво нешто од крцкави топли лепчиња и вкусно макало комбинирано со топла густа зеленчукова крем супа како топло предјадење.
Нутритивни вредности :
калории: |
јаглехидрати: | масти: | протеини: | |
Посен брз ручек: Инстант зеленчукова супа, макало од тиквички и потпечени интегрални лепчиња
|
супа: |
|||
57 kcal | 14 g | 0.1 g |
2.2 g |
|
макало: (количината на намирници одговара за 2 лица, нутритивните вредности се дадени за 1 лице) |
||||
160 kcal | 3.9 g | 16 g |
1.75 g |
|
интегрални потпечени лепчиња (2 парчиња): |
||||
315 kcal | 47.2 g | 11.7 g |
7.7 g |
Функционалност: посно, GMO free, diet, lactose free.
Потребни состојки:
за супата:
- 1 кесичка инстант супа – Vitalia Gluten Free Soup 2Go
- 250 ml вода
- лимон по желба.
за потпечените лепчиња:
- 4 парчиња интегрален леб
- малку маслиново масло
- за посолување малку зеленчуков зачин Vitalia Vita Spice.
за макалото од тиквичка:
- 1 тиквичка
- ½ лажичка црн бибер
- 2 лажички сенф
- 3-4 лукчиња
- 1 лажичка зеленчуков зачин Vitalia Vita Spice
- 1 лажичка интегрален сусам – Vitalia
- 2 лажици масло од сусам – Vitalia
- малку хималајска сол.
Начин на подготовка:
Инстант супата истурете ја во соодветна чинија и само додадете ја топлата вода, по желба додадете цеден лимон.
Лепчињата пресечете ги на половинки (во форма на триаголник, доколку лебот е коцкаст). Ставете ги лепчињата во сад за печење, попрскајте ги со маслиново масло и наросете ги со зеленчуков зачин. Запечете ги во рерна 15 минути на 200°С.
За подготовка на макалото најпрвин тиквичката насечкајте ја на тенки кругови и посолете ја малку со хималајска сол. За да омекне печете ја во загреана рерна 20 минути на 200°С. Потоа ставете ја во блендер/сечко заедно со сите други состојки и блендирајте дури не добиете хомогена смеса. Украсете по желба со маслинки.
На здравје!
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=dZDkeaFZV5o[/embedyt]
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.