Протеински чоколадни коцки

Споделете со пријателите

Искористете го времето дома за да си ги усовршите вештините во кујната, нема филозофија во готвењето, потребна е само желба  и многу малку слободно време!

Чоколадни, нутритивни и енергетски коцки за балансирана ужинка. Постапката и целата подготовка траат помалку од 15 минути, а добивате совршено здраво и слатко задоволство.

Од количината која е излистана јас добив 12 коцки со големина како на сликата. Две од нив се сосема доволни за ужинка.

Потребни состојки:

  • ½ чаша мелени овесни снегулки – тоа е околу 50 g
  • 100 g мелени лешници
  • 4 лажици шејк од чоколадо од @oriflamemk – тоа околу 50 g или приближно 3 дози
  • 2 лажици пченични никулци
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 портокал
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица кокосово масло.

Начин на подготовка:

Сите состојки освен медот, кокосовото масло и портокалот се мешаат во длабок сад. Во блендер се ставаат портокалот, медот и кокосовото масло за да се добие хомогена течна структура која ќе има за задача да ја поврзе сместа.

Кога ќе се соедини се, ќе добиете цврсто густо големо топче кое треба да го натапкајте во нешто правоаголно или коцкасто. Оставете го околу 1 час во фрижидер и потоа извадете и насечкајте на посакуваните форми. Јас одозгора си ставив прелив од какао, мед и кокосово масло, малку сува брусница и малку мелени бадеми.

Всушност направив две дози, со тоа што во втората доза наместо протеински шејк од чоколадо ставив од ванила.

Срам ми е да ви кажам за колку кратко време немаше ни една 🙂

Ова се нутритивните вредности на целата смеса, за да добиете вредности на парче поделете на толку парчиња колку што ќе добиете вие:

  • 1432 калории
  • 120 .6 g јаглехдирати
  • 53.8 g протеини
  • 86.2 g масти
  • 32. 8 g влакна

Очекувам слики и тагови 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *