Како физичката активност го подобрува целокупното здравје?

Редовната физичка активност во комбинација со здрава исхрана и квалитетен сон се клучот за одржување на добро здравје. Бројни студии потврдуваат дека без обзир на годините, полот и здравственaта состојба, физичката активност придонесува за низа здравствени предности, како одржување на оптимално здравје и полесно и побрзо оздравување кај одредени болести.

Исто така потврдено е дека редовната физичка активност ја намалува стапката на смртност од некои хронични болести како што се: кардиоваскуларните заболувања (причина бр. 1 за смртност во светот), високиот крвен пртисок, дијабетес и карцином на дебелото црево.

o-EXERCISE-facebook

Иако бројните придобивки од физичката активност се широко познати, сепак се повеќе возрасни луѓе, а и се поголем број на деца, живеат претежно седечки начин на живот. За возрасните изговорот е “Немам време, на работа постојано….”, а причината зошто децата се се повеќе неактивни е технологијата. Се поголем број на деца слободното време го поминуваат седејќи пред своите компијутери. Сето тоа во иднина се повеќе ќе влијае на скратување на животниот век и зголемување на бројот на болести.

За да бидете физички активни навистина не треба многу. Во физичка активност спаѓа и пешачењето, качувањето по скали и сл. Но, на сите ни е полесно со кола и со лифт.

Најдобра превенција од болести

30 минути умерена физичка активност 4-5 пати неделно или 20 минути поинтензивна физичка активност 3-4 пати неделно се клуч за одржување на добро здравје. Најголем процент од луѓето кои започнуваат да вежбаат тоа го прават затоа што се незадоволни со својата тежина и изглед но, физичкиот изглед би требало да ви биде на второ место. Тоа што е најбитно поврзано со физичката активност е фактот што позитивно влијае на целокупното здравје, расположение и квалитет на живот.

Издвојуваме некои од придобивките од физичката активност:

  • го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, како и прерана смрт од срцев удар
  • го намалува ризикот од развој на дијабетес (дебелината е причина бр. 1 за појава на дијабет тип 2)
  • го намалува ризикот од развој на висок крвен пртисок
  • го намалува ризикот од развој на карцином на дебелото црево, како и карцином на дојка
  • помага во одржување на оптимална телесна тежина (не ги обвинувајте секогаш гените за вишокот килограми, бидете активни)
  • помага во изградба и одржување на здрави коски и мускули, односно редовната физичка активност го подобрува здравјето на целокупниот мускуло-скелетен систем и го намалува ризикот од развој на болести на истиот како што е остеопороза, артритис, реума, чести скршеници и сл.
  • физичката активност го подобрува расположението и го намалува ризикот од развој на депресија
  • ја подобрува способноста за учење (многу студии покажуваат дека луѓето кои се физички активни покажуваат подобри академски резултати и многу полесно се соочуваат со предизвиците во животот)
  • ја намалува анксиозноста

Физичка активност + избалансирана исхрана = подобро здравје, здрава тежина и повеќе енергија

Иако можеби тежината не е вистински показател за тоа колку сте здрави, сепак одржување на нормална телесната тежина е еден од факторите за добро здравје.

Happy little girl assisting mother in preparing food at kitchen counter

Клучот за здрава телесна тежина е збир од два фактори и тоа: редовна физичка активност и избалансирана исхрана. Пресметката е едноставна: внесувајте во телото толку енергија колку што можете да потрошите. Но, внимавајте на тоа каква енергија внесувате и какви намирници конзумирате. Ако внесувате повеќе од тоа што можете да потрошите, во комбинација со секојдневниот стрес, неактивност и генетските предиспозиции резултатот ќе биде трупање на масно ткиво.

Дебелината е еден од главните виновници за голем број болести како што се: кардиоваскуларните болести, карцином на дебело црево, карцином на дојка, карцином на матка и јајници, висок крвен пртисок, дијабет тип 2, артритис и сл.

Запомнете дека ние сме креатори на тоа како живееме. Изберете животен стил кој ќе ве направи поведри, посреќни и поздрави. Свртете се кон себе и сопственото здравје. 30 минути 4 пати во неделата сигурно можете да најдете само за себе, но само доколку сакате и сте доволно упорни.

Можеби ќе ве интересира:

Како да бидете секогаш фит?

Едноставни начини на детоксикација на телото

Мали промени со големи ефекти

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *