Интегрални божиќни колачиња со ѓумбир

Збогатете ја новогодишната и божиќната трпеза со овие крцкави, вкусни, но истовремено и здрави божиќни колачиња.

Можете да ги подготвите и во дупла количина затоа што остануваат крцкави и свежи подолг период.

Потребни состојки:

  • 120 g путер
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 3 лажици малтекс или мед
  • 1 јајце
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • малку ванила
  • 250-300 g интегрално брашно.

Начин на подготовка:

Најпрвин со миксер ги мешаме путерот и шеќерот, потоа во таа смеса ги додаваме малтексот или медот и јајцето и продолжуваме со мешање. Кога смесата убаво ќе се соедини ги додаваме ѓумбирот, прашокот за пециво, циметот и ванилата, убаво соединуваме повторно. На крај полека го додаваме брашното, потребно е да се добие густа смеса која ќе може да се меси со сукало.

Од смесата развлекуваме тенка кора и од неа вадиме новогодишни фигури со калапи. Колачите ги печеме на температура од 180С околу 10-12 минути.

На крај декорирајте со растопено темно чоколадо и кокосови трошки.

Среќни празници!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *